Мексико археолози / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Археолози во Мексико откриле древен гроб на Маите со човечки останки

Мексиканските археолози откопале богато украсени човечки скелетни остатоци во гробница стара повеќе од илјада години, во област каде работниците ја привршувале изградбата на голем туристички железнички проект, соопшти во понеделникот националниот институт за антиквитети ИНАХ.

Откритието е направено овој месец за време на археолошките работи што се изведуваат заедно со изградбата на туристичка железница вредна повеќе милијарди долари. Целта на проектот е да се привлечат туристи на многуте антички места на Маите во јужно Мексико, како и во блиските одморалишта како Канкун и Тулум. Проектот за железницaта „Маиа воз“ е главен економски развоен приоритет на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Најновото откритие на гробницата се случило за време на изградба на хотели во близина на главните урнатини на Маите во Паленке во државата Чиапас, дом на некои од најголемите и најсофистицираните урбани центри на античката цивилизација.

Скелетните остатоци биле пронајдени во камен ковчег на околу 2 километри од центарот на градот, каде се наоѓаат високите храмови и комплексот на палатата. Таму веројатно бил погребан елитен жител на градот познат меѓу древните Маи како Лакамха, што значи Голема вода на Маите.

Во ковчегот имало и три керамички садови, украси за уши и пар зелени камени монистра. ИНАХ наведува дека лицето било закопано со лицето нагоре, со главата свртена кон север, додавајќи дека се потребни дополнителни тестови за да се утврди точната возраст и другите карактеристики.

Научниците им припишуваат големи достигнувања во уметноста, архитектурата, астрономијата и пишувањето на античките Маи. Градот Паленке го достигнал својот врв во седмиот век, но бил напуштен некаде на крајот на осмиот век. Од 1987 година е на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Многу мексикански групи протестираа против изградбата на железницата бидејќи проектот предвидува уништување на животната средина, како и древните остатоци од цивилизацијата на Маите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!