Национална арена „Тодор Проески“, Скопје/фото: ФФМ

Aрената повторно се „затвора“, ќе се поправа тревата пред натпреварот на Македонија

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија во Првата македонска фудбалска лига викендов повторно колото ќе се игра во два дена.

Програмата од 21. коло ќе ја отворат Вардар и Беса и овој натпревар ќе се игра в сабота од 14:00 часот, еден ден порано од останатите средби. Причината е што од недела Арената „Тодор Проески“ ќе биде затворена со цел да се направи реконструкција на тревната подлога почетокот на квалификациите за Светското првенство.

Македонија во мундијалските квалификации првиот натпревар на домашен терен ќе го игра на домашен терен на 25 март, па во наредниот период Вардар и Работнички ќе мораат да бараат алтернативни опции за одигрување на своите натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот