Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Апелација одлучи: Зеќири останува во притвор

Мухамед Зеќири, поранешен владин Генерален секретар останува во притвор откако скопска Апелација го потврди првостепеното решение за притвор, потврдуваат од Апелациониот суд.

Гаранцијата која ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата. Тој пред неколку дена на јавната седница истакна дека нема да бега, и дека ако сакал да го стори тоа на располагање имал повеќе од една година.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Нема зошто да бегам“: Зеќири бара да му се укине притворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот