
Антонио Кошта: Потребен е нов моментум во проширувањето на ЕУ, конзистентност и доверба
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта синоќа приреди неформална вечера за учесниците на Самитот на Европската политичка заедница од Западен Балкан во Тирана, во пресрет на која рече дека има нов моментум во проширувањето на Европската Унија.
Препорачано
Во објавата на Х, Кошта истакна дека понатамошните напори за напредок кон пристапувањето мора да бидат водени од основните принципи: доследност и доверба.
„Конзистентност – од страна на ЕУ во одржувањето на проширувањето на врвот на нејзината политичка агенда. И доследноста на партнерите во усогласувањето со нашите вредности и спроведувањето на реформите“.
Доверба – тоа може да се изгради само преку отворен дијалог. Внатрешно, меѓу партнерите во регионот и со институциите на ЕУ и земјите членки“, напиша Кошта.
Меѓу лидерите кои учествуваа на неформалната вечера што Кошта ја приреди со претставници на Европската Унија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
49сек
-
5мин
-
10мин
-
12мин
-
17мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5