Фото: Фејсбук/Бојан Маричиќ

Анри Мишел слета во Охрид, ќе учествува на форумот „Преспа“

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, попладнево му посака добредојде на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој пристигна во Охрид, каде ќе учествува на форумот за дијалог „Преспа“.

-Исклучително важна посета, во важен момент за нашата земја и за целиот регион. Ќе имаме одлична можност со господинот Мишел да го повториме ставот за нашата стратешка определба и партнерство со ЕУ и да поразговараме за идните планови за натамошен развој на Западен Балкан и ЕУ, во пресрет на јунскиот Самит на француското претседателство, напиша Маричиќ на Фејсбук.

Форумот „Преспа“ ќе се одржи во следните два дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!