Алис Вајдел им се обраќа на поддржувачите на АфД по гласањето на изборите за Бундестагот / Фото: EPA-EFE/SOEREN STACHE / POOL

Анкета во Германија: AФД е изедначена со ЦДУ по поддршка

– Резултатите од најновата анкета на јавното мислење на германскиот Политбарометар покажуваат дека крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) и Христијанско-демократската унија (CDU), партијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц, се изедначени по рејтинг, со по 26 проценти поддршка од гласачите.

AФД  претходно беше на врвот на анкетите по порастот на популарноста во текот на изминатата година, но најновите извештаи укажуваат на стабилноста на партијата и нејзината потенцијална закана за Мерц,  наведува Еуроактив.

И покрај растечката поддршка за AФД само 21 процент од испитаниците очекуваат подобри политики доколку партијата учествува во федералната влада, а 60 проценти очекуваат полоши политики во овој случај, додека 16 проценти веруваат дека учеството на AФД во владата нема да направи голема разлика.

Мнозинството Германци – 60 проценти од нив – веруваат дека за AФД се гласа од протест, при што 34 проценти ја објаснуваат својата поддршка за партијата со поддршка на нејзините политички барања.

Социјалдемократската партија на Германија, според резултатите од анкетата, ја задржа поддршката од 15 проценти од гласачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот