Отворен Балкан/Фото: МИА

Анкета на ИРИ: Македонците се најинформирани и со најголема поддршка за Отворен Балкан

Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%.

Најмалку информирани за иницијативата се во Косово (43%) и во Босна и Херцеговина (26%).

Извор: Анкета на ИРИ, Меѓународен републикански институт

Анкетата на ИРИ ги прашала граѓаните во регионот дали ја поддржуваат оваа иницијатива.

Најголема поддршка иницијативата Отворен Балкан има кај граѓаните од Северна Македонија (48%), а потоа во Србија каде што поддршка за иницијативата ја кај 38% од Србите.

Отворен Балкан има најмала поддршка во Црна Гора (22%) и во Косово (12%).

Извор: Анкета на ИРИ, Меѓународен републикански институт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот