Жена поминува покрај изборни плакати на БСП во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Анкета на Галуп за изборите во Бугарија: Резултатот изгледа се повеќе непредвидлив

На почетокот на кампањата за изборите во Бугарија, резултатот  изгледа се повеќе непредвидлив, се вели во анкетата на Галуп направена за Бугарското национално радио.

Анкетата беше спроведена од Галуп Интернешнл Балкан во перидот 3-11 јуни.

Според нив, ако изборите се одржуваа денеска, 58,2 проценти од сите испитаници изјавиле дека сигурно ќе гласаат на изборите на 11 јули; 16,4 проценти – дека најверојатно ќе гласаат; 7,3 проценти – веројатно нема да гласаат; 14,7 проценти велат дека сигурно нема да гласаат.

Доколку изборите се одржаа денеска според анкетата на Галуп, партијата „Има таков народ” ќе сметаше на поддршка од 21,2 проценти, ГЕРБ-СДС – 21 процент, БСП – 15,9 проценти, „Демократски Бугарија” би добила 12,1 процент, ДПС – 11,9 проценти и „Исправи се! Мафијата надвор! ” – 5,8 проценти и „Бугарски патриоти” – 3,5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот