
Англичанка во САД починала откако изела погрешно етикетирано колаче
Девојка од Ланкашир, Англија, починала во САД откако изела колаче на чие пакување не пишувало дека има кикиритки, пишува Скај њуз.
Препорачано
25-годишната Орла Баксендејл починала од тежок анафилактичен шок по алергиска реакција на бисквит од ванила од американскиот супермаркет Стју Леонардс.
Баксендејл се преселила во Њујорк во 2018 година за да продолжи со кариерата како танчерка, а колачето го изела на собир во Конектикат.
Во колачето имало кикирики на кои несреќната девојка била алергична, а на етикетата не пишувало дека има јаткасти плодови.
Околу 500 пакувања колачиња кои беа продадени меѓу 6 ноември и 31 декември сега се отповикани по наредба на Управата за храна и лекови на САД.
Стју Леонард Јуниор, претседател и извршен директор на трговецот на мало, рече дека нивниот добавувач, Кукис Јунајтед, го променил составот на колачињата, заменувајќи ги соја оревите со кикиритки, без да го извести супермаркетот.
Кукис Јунајтед во соопштението рече дека ги известиле Стју Леонардс минатиот јули дека производот содржи кикиритки и дека сите производи што се испорачуваат се соодветно означени. Тие тврдат дека неточната етикета е создадена од компанијата.
„Орла беше навистина единствена. Таа беше прекрасна, блескава, храбра душа која секогаш веруваше дека ќе ги оствари своите најголеми соништа и токму тоа го правеше. Танцуваше по својот пат низ светот и живееше секој ден во потполност” се вели во соопштението на нејзиното семејство.
„Неразбирливо е дека алергиите можат да однесат животи во 2024 година, сакаме да ги повикаме сите да се едуцираат себеси и околината за анафилакса, како да користат лекови и знаци за рани предупредувања за сериозни алергиски реакции. Бевме преплавени со стотици пораки од целиот свет, од сите луѓе кои ја сакаа Орла. Таа им значеше толку многу на многу луѓе, со нејзиниот волшебен талент и неверојатно сочувство за другите“, велат од семејството.