Фото: EPA-EFE/Carl Recine

Англичаните учат од грешките: На посебен начин вежбаат пенали

Финалето на последното Европското првенство Англија го изгуби на пенали од Италија, па Англичаните не сакаат да им се повтори таква ситуација и за таа цел посебно се фокусираат на изведувањето пенали.

Голманот на „Гордиот Албион“ и член на Арсенал, Арон Рамсдејл откри дека неговите играчи имале специфичен начин при вежбањето пенали. Селекторот Саутгејт дошол до идеја фудбалерите да вежбаат пенали без голман, меѓутоа на специјална мрежа која има дупки во аглите.

„Вежбањето со голмани може да доведе до губење на самодовербата кај фудбалерот. Вежбањето со ваква мрежа е идеално затоа што фудбалерите се учат да ги погодуваат аглите што е нешто неопходно за добро изведен епнал. Ако изведете пенал на перфектен начин не е важно што ќе направи голамнот“, изјави Рамсдајл.

На Светското првенство Англија ќе игра во група со Иран, Сад и Велс. Првиот натпревар ќе го играат против Иран утре од 14:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот