Пробиштипскиот градоначалник Анастасов: Заедно со граѓаните нема да дозволиме да се отвори новиот рудник за злато

Граѓаните, еколошките активисти и локалната власт на Пробиштип се единствени и испраќаат порака дека се против отворањето нов рудник за злато „Плавица-Црн Врв“, кој ќе се протега на територија на Пробиштип и Кратово. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, вели дека доколку се отвори и овој рудник, тоа ќе значи дека во нивната општината ќе имаат шести стопански објект од тешката индустрија, а новото хидројаловиште ќе биде само на неколку километри од градот.

– Јас сум свесен дека Пробиштип е рударска Општина и ние сме познати по рударството. Но, сметам дека треба да се почека и доколку се отвори некогаш „Плавица“, веројатно и самите технологии и начин на работа ќе биде со помал процент на загадување. Нека се почека, кога ќе кажат имаме јасни информации дека експлоатацијата е при крај во самиот олово-цинков рудник, ќе оставиме простор нека продолжи Пробиштип по патот на рударството, но нека имаат можност и новите генерации кои излегуваат, да егзистираат во Пробиштип, вели Анастасов.

Во интервју за МИА, Анастасов дека на повидок е решението и за старото хидројаловиште, старо рударско езеро, во кое се депонирал отпадот од прераработката на олово-цинковата руда од рудникот „Добрево“, а сега е една од најжешките еколошки точки во земјава, ги загадува воздухот, почвата и подземените води.

Според експертите санацијата и поставување на фотоволтаици ќе чини над 3,5 милиони евра. Рударскиот град Пробиштип пред шест години од презадолжена Општина, сега е ликвидна. Платени се сите долгови.

-Полека чекор по чекор, преземавме чекори да ја раздолжиме Општина Пробиштип. Успеавме на крај на првиот мандат да Општина Пробиштип биде без долгови, односно да биде ликвидна општина и со креирање на реални развојни буџети. Она кое што е многу важно за Општина Пробиштип сакам да го потенцирам дека ние како Општина, како ретко која од година во година сме со се поголем буџет, вели Анастасов.

Тој говори и за белата чума на истокот и какви чекори се преземаат од нив како Општина да се намали иселувањето од селата и градот.

Фото: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот