Фото: EPA/YANNIS KOLESIDIS

Анархисти презедоа одговорност за запалените возила и банкомати во Грција

Преку текст објавен на анархистички сајт, грчки анархисти презедоа одговорност за запалените возила и банкомати во текот на ноќта меѓу 20 и 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот текст тие упатуваат критики и обвинувања до владата, велат дека со политиката што ја води сака да изгради свет заснован на „експлоатација, потчинување, страв, апатија”.

– Да застанеме пред нивните планови, секогаш фокусирани на револуционерниот случај, за еден свет без угнетувачи и угнетени, за општество на еднаквост, солидарност и правда, велат анархистите.

Паралелно, ја преземаат одговорноста, за пет напади во понеделникот и вторникот, во кои беа запалени автомобили пред претставништвото на „Мерцедес”, четири автомобили на компанијата за телекомуникации „ОТЕ”, еден камион на Министерството за животна средина на Грција, училишно комбе, како и два банкомати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот