Луѓе народ попис / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

АНАЛИЗА: Бројката на невработени падна под 100 илјади, меѓу нив 16 доктори на науки и 530 магистри

За прв пат во државата по речиси седум години, бројот на невработени кои активно бараат работа се спушти под 100.000, покажува анализата на Порталб.мк.

Во јули на ниво на државата биле регистрирани 98.976 активни баратели на работа што претставува намалување за 6.827 лица во однос на првиот месец од годинава и за 6.972 помалку во однос на истиот месец лани.

Според податоците на Агенцијата за вработување, најголем број на невработени лица кои активно бараат работа се од Скопје, па следуваат Тетово и Куманово.

Најголем број на активните баратели на работа се Македонци – 39.416 што преставува 39,8 % од вкупниот број на невработени, потоа следуваат 39.060 етнички Албанци со удел од 39,4%, а 10,5% од невработените или 10.451 се Роми, а на четврто место се етничките Турци со 7.006 невработени или 7,1%.

Во активните баратели на работа највеќе доминираат невработените без образование или само со основно образование – дури 60.307 лица. Од друга страна пак, во Агенцијата за вработување пријавени се 16 невработени доктори на науки и уште 530 магистри.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот