Пит Хегсет, американски државен секретар за одбрана/Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Американскиот министер за одбрана: Војската на САД е подготвена да ја спроведе секоја одлука на претседателот

Американската војска е „подготвена да ја спроведе секоја одлука“ што ќе ја донесе претседателот Доналд Трамп за воени и мирнодопски прашања, изјави денеска министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет.

„Ако и кога ќе се донесат тие одлуки, Министерството (за одбрана) е подготвено да ги спроведе“, изјави Хегсет пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот, според „ПБС“.

За време на седницата, Хегсет не потврди дали војската подготвува опции за напад на Иран, а неговите коментари дојдоа како дел од неговото сведочење пред комисијата на Сенатот, каде што се осврна на подготвеноста на војската да одговори на евентуалната американска воена интервенција на Блискиот Исток, откако избувна војната меѓу Израел и Иран.

Трамп засега не открива дали САД ќе го нападнат Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот