Линдзи Грахам/ Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Американски сенатор: Некој во Русија треба да го убие Путин

Американскиот сенатор Линдзи Грахам повика „некој во Русија“ да го убие претседателот Владимир Путин, што според него би било „огромна услуга“ за Русија и за остатокот од светот, пренесува Волстрит Журнал.

Некој во Русија треба да го направи тоа „и да се ослободиме од тој човек“, рече сенаторот во една телевизиска емисија.

Тој потоа објави серија твитови каде нагласи дека „единствените кои можат да го направат тоа се Русите“.

Тој, исто така, праша дали има „полковник Штауфенберг, но поефикасен“ во руската армија, овојпат мислејќи на германскиот офицер Клаус фон Штауфенберг, организаторот на неуспешниот атентат на Адолф Хитлер во 1944 година. „Тие би и направиле огромна услуга на својата земја. и остатокот од светот“.

Линдзи Грaхам, некогаш близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, претстави резолуција во Сенатот со која се осудува рускиот претседател и неговите воени команданти, обвинувајќи ги за „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот