
Американската економска политика стави кочница на кредитирањето во Еврозоната
Неизвесноста на американската економска политика го забавува кредитирањето на компаниите во Еврозоната, според анализата на група економисти објавена денес на блогот на Европската централна банка. Анализата покажува дека шоковите на американската политика го намалуваат растот на новите кредити за фирмите во Еврозоната за околу 0,5 процентни поени, а ефектите се развиваат во текот на две години- пренесе Телеграф.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Банките со послаба ликвидност или поголем удел на нефункционални кредити реагираат посилно и дополнително ја ограничуваат понудата на кредити.
Кога фирмите не можат да предвидат промени во регулативите, тарифите или фискалните мерки, тие ги одложуваат инвестициите, додека банките ги заоструваат условите за кредитирање. За компаниите кои имаат поголеми деловни врски со Соединетите Американски Држави и тргуваат во долари, кредитите стануваат поскапи, а роковите за отплата се пократки.
Зголемената неизвесност, исто така, ја намалува ефикасноста на монетарната политика, бидејќи намалувањето на референтната каматна стапка од страна на централната банка има помала веројатност да стимулира инвестиции, особено кај компаниите со големи инвестиции.
Високото ниво на економска неизвесност ги принудува банките да ги зголемат премиите за ризик, што го отежнува пристапот до финансирање. Бизнисите во еврозоната на тој начин стануваат повнимателни, одложувајќи ги новите проекти и забавувајќи ја економската активност, дури и кога глобалните финансиски пазари остануваат релативно стабилни.
Авторите заклучуваат дека неизвесноста надвор од еврозоната, особено во Соединетите Американски Држави, може значително да го намали протокот на кредити и да ја ослабне ефикасноста на монетарната политика.