EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Американската кошаркарка Грајнер испратена во казнена колонија во Русија

Бритни Гринер беше осудена на девет години затвор поради шверц на дрога, а сега е префрлена во казнена колонија во Русија, чија локација се уште не е објавена

Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер е преместена од притвор во руска казнена колонија кадешто треба да го отслужи остатокот од деветгодишната казна за шверц на дрога, која беше потврдена кон крајот на октомври.

Двократната освојувачка на златен олимписки медал во кошарка и шампионка во женската НБА, беше приведена на аеродромот во Москва во февруари, откако беше пронајдено дека носи чаури со масло од канабис во багажот.

– Гринер е на пат за казнената колонија. Немаме никакви информации за нејзината точна моментна локација или за нејзината крајна дестинација – велат адвокатите Марија Благоволина и Александар Бојков.

Минатиот месец Гринер ја загуби жалбата што ја поднесе против нејзината казна.

Таа беше приведена во февруари и осудена во август за шверц на дрога во Русија. Грајнер постојано се извинувала што донела мало количество канабис во земјата, каде што играла кошарка во вонсезона.

Грајнер беше во Русија за да игра за професионалниот тим Екатеринбург за време на нејзината вонсезона од тимот на Феникс Меркјури, од ВНБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот