
Американка се обидела да изнајми платен убиец за да го убие тригодишниот син
Џазмин Паез (18) од Мајами е обвинета дека оваа недела се обидела да изнајми платен убиец да го убие нејзиниот 3-годишен син.
Препорачано
Инспекторите соопштиле дека во вторникот биле контактирани од маж кој водел лажна веб-страница за „изнајмување убиства“ за да пријави дека една жена контактирала со операторот за да организира нејзиното дете да биде убиено, пренесува „Еј-би-си“.
Според полицијата, основачот на веб-страницата ја создал за да ги фати и запре оние кои сакаат да ангажираат убиец. Полицијата соопшти дека мајката ја дала адресата и фотографијата на детето за да му ја олесни работата на убиецот.
Полицијата ја проверила веродостојноста на информациите на администраторот на веб-страницата и ја уапсила младата мајка. Според истражителите, жената побарала работата да биде завршена до четврток. Таа побарала нејзиното дете да биде однесено некаде далеку и да се убие што е можно поскоро.
Полицијата ја следела ИП-адресата на компјутерот што 18-годишната го користела за испраќање барања до лажната веб-страница. Полицијата отишла на домашната адреса каде го користела компјутерот, а разговарале и со бабата на детето. Полицијата го пронашла момчето живо и здраво во куќата.
Инспекторите потоа се претставиле како најмени убијци и разговарале со мајката на детето, која го потврдила барањето и се согласила да плати 3.000 долари за убиството на нејзиниот син. После тоа, Паез била уапсена.
На инспекторите им рекла дека била во романтична врска со маж на кого не му се допаѓало тоа што таа имала дете и дека тој ја оставил поради тоа, пишува „Си-Ен-Ен“. Паез се појавила пред судот во средата и добила правно застапување преку канцеларијата на јавниот бранител.