Марко Рубио и Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

Америка притиснала неколку држави „доброволно“ да примат бегалци од Газа

Соединетите Американски Држави побарале од неколку земји да прифатат „доброволно“ доселување на Палестинците кои бегаат од израелската офанзива во Појасот Газа, изјави денес државниот секретар Марко Рубио, според „Франс прес“.

Населението на Газа, кое покрај секојдневните бомбардирања повеќепати беќе речиси целосно раселувано во изминатите две години, денеска повторно беше предупредено од Израел дека следува нова офанзива, која доаѓа по блокадата на хуманитарната помош која траеше повеќе од два месеци.

Претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати јавно зборуваше за раселување на двата милиони жители на Газа пред енклавата да се обнови.

Како одговор на прашање на сослушувањето пред одборот за надворешни работи на Сенатот, Рубио кажа дека „нема протерување“, туку дека „ако некој е спремен да отиде на друго место на некое време бидејќи е болен, неговите деца мора да одат во училиште или што и да е, дали постојат земји во регионот кои се спремни да ги примат на некое време“.

Тој додаде дека тоа би биле „доброволни лични одлуки“, а сенаторот на опозициските демократи Џеф Мекли праша: „Ако нема чиста вода, нема храна и насекаде дека ги бомбардираат, дали е тоа навистина доброволна одлука?“

Рубио не кажа кои држави се контактирани, но негираше дека меѓу нив е Либија.

„Ен-би-си њуз“, повикувајќи се на анонимни извори, неодамна објави дека администрацијата на Трамп работи на план за трајно преселување на милион Палестинци од Појасот Газа во Либија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот