
Америка ги обновува своите воени бази на Пацификот, ќе се користат за одвраќање на Кина
Воздухопловните сили на САД расчистуваат делови од џунгла на стратешкиот остров Гуам, лоциран длабоко во Пацификот за да отворат место за нови воени аеродроми како превентива од военото ширење на Кина во тој регион, изјави висок американски командант, истакнувајќи дека тоа е дел од плановите за зајакнување на американските сили во Индо-Пацификот.
Препорачано
Сместена на остров на околу 110 милји северно од Гуам, воената инсталација Тинијан претходно служеше како најголема американска база за бомбардери Б-29 за време на Втората светска војна и оттогаш беше домаќин на периодични воени вежби на морнарицата и маринскиот корпус. Вашингтон изминативе години одржува големи поморски вежби крај базата на Гуам, стратешки остров длабоко во Пацификот.
Зборувајќи со новинарите на настанот организиран од Здружението на воздушни и вселенски сили, командантот на воздухопловните сили на Тихиот Океан, генералот Кенет Вилсбах, ги опиша напорите за реновирање на непостоечките воздушни бази на САД – вклучително и инсталација од времето на Втората светска војна на Тинијан, мал остров во близина на Гуам, јавува Русија денес.
„Ќе ја расчистиме џунглата, ќе рехабилитираме некои од областите таму, така што ќе имаме прилично голема и многу функционална база која дополнително ќе можеме да ја да користиме и во регионот, рече Вилсбах во понеделникот.
За да се постигне таа цел, воздухопловните американски сили побараа дополнителни средства од пратениците во предлог-буџетот за 2024 година, додаде генералот, велејќи дека новите бази ќе бидат дел од мрежата за одвраќање на Пекинг низ Азија.
„Секој дополнителен аеродром од кој можам да оперирам … во случај на непредвидени ситуации или криза или конфликт е уште еден аеродром што Кина треба да го стави во папките за напаѓање и потоа да им додели ресурси, а тоа ја намалува нивната воена способност – истакна американскиот воен претставник.
Иако претседателот Џо Бајден неодамна изјави дека неговата администрација не се стреми да ја „запре Кина“, американските власти постојано ја нарекуваа Народна Република дека е најголемиот ривал на Америка. Откако ја презеде функцијата во 2021 година, Бајден одобри месечен транзит на американски воени бродови низ спорниот Тајвански теснец додека Пентагон се обидува драматично да го прошири своето присуство во азиско-пацифичкиот регион.