
Амбициите на ГРК Охрид се да го нападне ракометниот врв во Македонија
ГРК Охрид на пригоден настан што се одржа синоќа на бродот „Армада“, го претстави тимот за сезоната 2025/26. За амбициите на охридскиот суперлигаш во новата сезона зборуваа градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и капитенот Гоце Ојлески.
Препорачано
Градот заедно со спонзорите и помагателите ветува силна поддршка и врвни услови за работа, потенцира Пецаков. Од стручниот штаб истакнаа дека се свесни за високите очекувања и најавија силна работа за остварување на целите, а капитенот ја потенцира сплотеноста и добрата енергија помеѓу играчите кои се подготвени да дадат се да се исполнат амбициите – да се нападне ракометниот врв во домашното првенство и да се оди што е можно подалеку во Европа.
На промоцијата присуствуваше легендарниот ракометен тренер Лино Червар кој на ГРК Охрид му посака успешна сезона. Во знак на благодарност ГРК Охрид на спонзорите и помагателите им врачи признанија кои ги додели спортскиот директор на клубот Славчо Ристески.
Во изминатиот период играчите на тренерот Ројевиќ беа победници на 53 издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга откако во финалето со 30:24 (14:11) славеа против Бутел Скопје. Како подготовка за новата сезона клубот го најави и учеството на Меѓународниот ракометен турнир Кристе Андоновски (19-23 август) во Охрид).
Составот и стручниот штаб на ГРК Охрид за сезоната 2025/2026:
Голмани:
Градимир Чаневски
Даниел Ѓорѓески
Бојан Блажески
Пивоти:
Иван Тасески
Владимир Бојаниќ
Николаос Лиапис
Ориол Реј Моралес
Леви крила:
Гоце Ојлески
Никола Ристески
Леви бекови:
Теимураз Орјоникидзе
Анте Иванковиќ
Стефан Петриќ
Дејан Кукуловски
Илија Трајчески
Средни бекови:
Ловро Јотиќ
Тилен Стрмлјан
Десни бекови:
Предраг Вејин
Давид Савревски
Никола Шипинкоски
Десни крила:
Дарко Ѓукиќ
Гал Цирар
Стручен штаб:
Борис Ројевиќ – тренер
Наум Бабачев – помошник тренер
Крсте Андоновски – помошник тренер
Зоран Георгиески – тренер на голмани
Андрија Њаради – кондициски трнер
Љупчо Атанасов – физиотерапевт
Димитар Спироски – физиотерапевт
Огнен Шешоски – доктор на екипата