Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Aмазон влегува во „битката“ за намирници – нов бренд нуди над 1.000 артикли под 5 долари

Технолошкиот гигант Amazon (AMZN) го објави лансирањето на нов бренд за намирници, спојувајќи ги постојните линии Amazon Fresh и Happy White во еден бренд наречен Amazon Groceries. Целта на овој потег е да се зајакне позицијата на Amazon на пазарот за храна и да се привлечат клиенти кои обрнуваат внимание на цената, објавува Yahoo! Finances.

Првичната понуда ќе вклучува повеќе од 1.000 производи – од основни производи како млеко, овошје, зеленчук, месо и морски плодови, до грицки и предмети за домаќинството. Повеќето артикли ќе бидат достапни за под 5 долари, со минимална оценка од клиентите од четири ѕвездички. Производите ќе бидат достапни за купување преку интернет, како и во физичките продавници на Amazon Fresh.

„Amazon Groceries“ ги надополнува постојните брендови на компанијата: Amazon Saver, посветен на најпристапните производи, и 365 од Whole Foods, фокусиран на природни и органски производи. Овој потег го става Amazon во директна конкуренција со брендови како Kirkland Signature (Costco) и Great Value (Walmart).

Во време кога инфлацијата ги оптоварува буџетите на домаќинствата, целта на Amazon е да понуди квалитетни производи по ниски цени, да стане опција за семејствата кои сакаат да заштедат без да прават компромис со квалитетот. Компанијата планира да го прошири асортиманот на брендови со додавање нови производи во наредните месеци.

Останува да се види колку „Amazon Groceries“ ќе ја променат динамиката на пазарот и дали ќе успеат да „украдат“ дел од пазарниот колач од конкуренцијата, пишува Бизпортал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот