
Алтернатива: Орхан Муртезани предложен за министер за евроинтеграции
Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтењрнатива.
Препорачано
На денешниот состанок на Централниот одбор на Алтернатива, Орхан Муртезани беше предложен за кандидат за министер во Министерството за евроинтеграции. Тој е поранешен директор во МЕПСО, како и секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

-На средбата се разговараше и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука и едногласно е одлучено за оваа позиција да биде предложен проф. др. Љуљзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошки факултет, поранешен заменик министер за образование и моментално секретар на Секретаријатот за стратешки прашања на Алтернатива -веелат од паријата.
Бидејќи Алтернатива ја презеде одговорноста и за заменик министер на Министерството за односи меѓу заедниците, Централното лидерство разговараше за ова и едногласно одлучи дека кандидатот на Алтернатива за оваа функција треба да биде Сафије Садики Шаини – универзитетска професорка.

-На средбата се разговараше и за оставката на веќе поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Централното собрание треба да предложи одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на претседател на Алтернатива – велат од партијата.