Фото: pexels-isabella-mendes

Алкохолот и ракот се повеќе поврзани отколку што мислите: Пред да се напиете уште една чаша, дознајте зошто

Дури и само еден до два алкохолни пијалаци на ден може да ја зголемат веројатноста за неколку видови на рак, особено рак на усната шуплина, хранопроводот, дебелото црево, црниот дроб и дојката кај жените, покажуваат истражувањата.

Затоа, на многу места во светот е започната иницијатива за подигање на свеста за поврзаноста помеѓу алкохолот и ракот, а на секој алкохолен пијалак се предлагаат нови предупредувачки ознаки, слични на оние кои се наоѓаат на тутунските производи.

Повеќето луѓе генерално се свесни дека пиењето алкохол го оштетува црниот дроб и предизвикува цироза, но помалку од половина од оние кои пијат знаат дека тоа може да доведе и до рак, според Американскиот институт за истражување на ракот во 2019 година.

Како алкохолот предизвикува рак?

Постојат четири начини преку кои алкохолот може да доведе до рак. Прво, телото природно го разградува алкохолот во ацеталдехид, кој може да ја оштети и разгради ДНК, што потоа доведува до тумори. Оваа врска е толку силна што ацеталдехидот е класифициран како канцероген од 1999 година.

Друг штетен ефект на алкохолот и пат до можен развој на рак е тоа што алкохолот создава реактивни видови кислород или „слободни радикали“. Тие се познати како нестабилни молекули кои содржат кислород и дополнително ја оштетуваат ДНК.

Третиот начин на кој консумирањето алкохол може да доведе до можна малигна болест е преку влијанието што го има врз хормоните, како што е естрогенот. Алкохолот може да го зголеми количеството на естроген во телото и на тој начин да го зголеми оштетувањето на ткивото на дојката што доведува до рак. Оваа поврзаност е особено алармантна бидејќи епидемиолошките податоци покажуваат дека драстично поголем број жени пијат алкохол.

Четвртата причина зошто алкохолот е штетен во контекст на зголемен ризик од рак е фактот што алкохолот е растворувач, што значи дека ја олеснува апсорпцијата на канцерогени материи од други извори, како што се цигарите или електронските цигари кога се консумираат во комбинација, што е често е случај.

Колку малку е здраво?

Најголемото прашање во главите на луѓето во моментов може да биде „Колку алкохол можам безбедно да пијам?“, а одговорот на тоа може да ве разочара – веројатно нема позитивен одговор. Иако помалку алкохол е секако подобар од повеќе, 25 проценти од случаите на рак во студиите за штетите на алкохолот биле кај луѓе кои биле класифицирани како умерени алкохоличари и пиеле помалку од два пијалаци дневно во просек. Ова значи дека секој кој редовно пие алкохол, дури и во мали количини, треба да ги знае и да ги разбере ризиците бидејќи алкохолот е трета водечка причина за рак што може да се спречи, зад тутунот и дебелината.

Дополнително, врската помеѓу алкохолот и ракот може да биде под влијание на вашите гени, како што се оние што ги контролираат ензимите кои го метаболизираат алкохолот и други фактори на животниот стил како исхраната и хроничното воспаление. Сите овие фактори на ризик и личното здравје можат да влијаат на тоа колку е ризично консумирањето алкохол за вас. Сепак се препорачува воопшто да не пиете алкохол, но ако сепак одлучите да пиете, ограничете се на помалку од еден пијалак за жени или два пијалаци за мажи, што е стандардно препорачано „здраво“ ниво на консумирање алкохол, пишува „Живим“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот