фото: РК Алкалоид

Алкалоид славеше против Динамо Панчево на меѓународниот турнир во Охрид

Ракометниот клуб Алкалоид со победа над РК Динамо Панчево ги отвори настапите на турнирот „Крсте Андоновски“ кој се игра во Охрид.

Македонската екипа предводена од тренерот Кирил Лазаров славеше против српскиот претставник со конечен резултат 27:22.

Најефикасен во победничкиот тим беше новото засилување Никола Костески со шест голови, пред Мартин Серафимов со пет голови, додека Марко Митев погоди четири пати.

Следниот натпревар на турнирот во Охрид за Алкалоид ќе биде на 22 август од 21.00 часот во салата „Билјанини Извори“ против против грчкиот Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!