Фото „Слободен печат“
Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Алиу вели дека платата не игра улога – ќе ги враќа лекарите од Германија и Словенија со „подобра инфраструктура и кариерен развој“

Министерот за здравство Азир Алиу смета дека платата не е причина за одливот на лекари во странство, туку други два важни фактори – подобра инфраструктура и кариререн развој. Тој во вчерашното гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, рече дека работат на отстранување на овие проблеми.

„Ние веќе работиме на отстранување на дел од овие работи, на пример во однос на постара инфраструктура, веќе најавивме нова инвестиција од 205 милиони евра во здравството. Мислам дека ќе имаме позитивен тренд на враќање на доктори од странство, рече Алиу.

Министерот зборуваше и за долгорочното планирање и креирањето политики во здравството при што нагласи дека формираат групи кои ќе дефинираат десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети во здравството.

„Ќе се знае колку училници ќе се отворат, во кој град, за кои профили на средно стручно образование и колкав ќе биде бројот на отворени слободни места на медицинските факултети. На крајот на денот ќе знаеме за пет години колку доктори ќе имаме или за четири години колку медицински сестри ќе имаме, и врз основа на тоа да креираме политики, рече министерот Алиу.

Тој се осврна и на оптимизирање на системот МојТермин, со оглед дека дигитализицијата е една од клучните активности и креиран е посебен сектор кој се бави само со дигитализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот