Алиу: Секое дарување на матични клетки е надеж за спасување живот

По повод Светскиот ден на дарители на коскена срцевина, Министерството за здравство ја истакнува важноста на националниот дарителски регистар, кој функционира во рамки на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет-Скопје.

Националниот регистар, како што велат, е единствениот официјален регистар во државата и досега се овозможени вкупно 69 трансплантации на пациенти од државава и три на странски пациенти со клетки од македонски дарители. Во него се регрутирани повеќе од 6.000 доброволни дарители.

Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод денот истакнува дека „секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки живот. Министерството за здравство останува целосно посветено на поддршка на Националниот дарителски регистњр. Благодарение на солидарноста и хуманоста на дарителите, денес имаме пациенти кои добиле нова шанса за живот.“

Министерството за здравство изразува благодарност на сите дарители и ги охрабрува граѓаните со цел нивно вклучување во регистарот, бидејќи секој нов дарител значи нова шанса за живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот