Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Алиу: Осум случаи доставени до Интерната комисија за кардиохируршки интервенции

Министерството за здравство доставило осум медицински досиеја до Интерната комисија формирана по информациите за можни неправилности во дел од кардиохируршките интервенции. Како што соопшти министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција, случаите се добиени од една јавна здравствена установа, а не од поединечни пациенти.

Комисијата составена од експерти ќе започне со разгледување на досиејата од утре, а Министерството побарало и вонреден стручен надзор од Лекарската комора. Алиу најави дека во работата ќе бидат вклучени и тројца странски експерти, најверојатно од Словенија, Италија и Австрија.

„Граѓаните мора да бидат сигурни дека здравствената услуга се изведува врз основа на реална потреба и медицински докази, а не врз коруптивни мотиви,“ изјави Алиу, додавајќи дека процесот што е започнат ќе ја врати довербата во здравствениот систем.

Министерот истакна дека никој нема да биде заштитен доколку се утврдат неправилности, ниту во јавното ниту во приватното здравство, но и дека нема да има стигматизација без докази.

Алиу информираше и дека поради недостиг на стручни лица, во моментов се изведуваат ограничен број операции на Клиниката за кардиохирургија. Во таа насока, се иницира билатерален договор со Словенија, со цел привремено да доаѓаат нивни доктори, како и размена на знаења меѓу двете земји.

„Здравствениот систем бара големи промени, а овој процес е само почеток,“ заклучи министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!