Тетовска болница. / Фото: МИА

Алиу најави редовно вработување на сите 155 хонорарци во тетовската Клиничка болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција остро одговори на тврдењата од ДУИ дека 155 хонорарци од Клиничката болница во Тетово нема да добијат вработување. Тој порача дека целата постапка е завршена и оти сите 155 лица ќе добијат договори на неопределено време.

„Ги слушнавте измислиците дека 155 лица од Тетово нема да се вработат. Срамота е, дури и за нивниот стандард на лаги. Тоа е евтин театар за евтини политички поени врз плеќите на луѓе што со години живеат во несигурност. Затоа порачувам: ќе добијат договори на неопределено време. Точка“, изјави Алиу.

Тој рече дека проблемот со хонорарците трае со години и обвини дека токму ДУИ, која долги години беше дел од власта, не сторила ништо за да го реши.

„Дури и кога Арбен Таравари беше министер, не направи ништо. Само гледаше како овие луѓе се понижуваат со привремени договори“, додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот