
Алиу најави нови вработувања во здравството поради недостиг на кадар
Министерот за здравство, Азир Алиу рече дека Министерството за здравство подготвува внатрешна реорганизација за балансирање на медицинскиот кадар во согласност со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој во интервју за телевизијата Алсат-М, најави нови вработувања во здравството поради големиот недостиг на кадар во здравствениот сектор во државата.
„Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата, и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно“ појасни Алиу.
На прашањето што се случи со ветувањето за 150 вработувања во Клиничката болница во Тетово, изјави дека не станува збор за неисполнети ветувања, туку за процес што е започнат и е при крај.
„Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не е можно,“ изјави Алиу.