Алијанса за Албанците го исклучи од партија директорот на Геријатрија

Алијанса за Албанците одржа состанок на 10 април годинава, на кој го разгледа случајот со Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, осомничен за земање мито и донесе одлука, тој итно да биде исклучен од партијата.

– AА нема да толерира никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата. Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет – соопштија од партијата.

Арифи и негувател од Геријатрија се во 30-дневен притвор, бидејќи се осомничени за примање 20 илјади евра „капар“ за да хоспитализираат неподвижна 42-годишна пациентка.

Митото од 20 илјади евра за хоспитализација на пациентката на Геријатрија било само „капар“ – крајното барање бил нејзиниот стан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот