Фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

„Алијанц арената“ ќе добие нова адреса во чест на легендата на Баерн Минхен

Стадионот на Баерн Минхен во иднина ќе има нова адреса во чест на легендарниот Франц Бекенбауер.

Градската влада во Минхен одлучи да му оддаде почест на Бекенбауер така што улицата на која се наоѓа стадионот и околината околу неа ќе го носат неговото име.

„Именувањето на улица е најголема чест која градот Минхен може постхумно да ја додели во знак на длабока почит која ја имаме кон Франц Бекенбауер. Тој е еден од најголемите спортисти кои се појавиле од нашиот град. Со спортските успеси и својата посветеност на фудбалот трајно го обликуваше спортскиот пејзаж на Германија“, изјави градоначалникот на Минхен, Дитер Рејтер.

Улицата на која се наоѓа „Алијанц арената“ официјално ќе го промени името на 7 јанури 2025 кога ќе изминува една година од смртта на Бекенбауер, кој почина на 78-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот