
Александрија како Атлантида, тоне поради климатските промени
Најпознатиот град во Египет и најголемото пристаниште Александрија е во опасност да се претвори во Атлантида. На метрополата основана од Александар Велики на брегот на Нил и се заканува потопување поради ерозијата на почвата и порастот на нивото на морето предизвикани од климатските промени.
Препорачано
Дури и да се потврди најоптимистичкото сценарио на ОН, до 2050 година третина од градот или ќе биде непогоден за живеење или ќе биде покриен со море. 1,5 милиони од сегашните 6 милиони жители ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови. Очигледно е дека антиквитетите и историските богатства на градот се во опасност засекогаш да бидат изгубени.
Според научните проценки, Александрија тоне секоја година за околу три милиметри. Феноменот се должи на дупчењето на неговите брегови, но и на браните на реката Нил, кои го спречуваат транспортот на калта што беше сврзувачки елемент на подземјето на градот.
Нивото се зголемува
Во исто време, нивото на водата во Медитеранот покажува пораст, кој во следните три децении може да достигне и еден метар, според проценките на стручните науки на Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН, кои забележуваат дека во Медитеранот зголемувањето на нивото на водата е побрзо од каде било на друго место.
„Климатските промени се реалност и голема закана“, истакнува Ахмед Абдел Кадер, шеф на Управата која ја надгледува заштитата на крајбрежјето на Египет.
И покрај тоа, и ако конечно се потврди најоптимистичкото сценарио опишано во научните студии, нивото на водата на Медитеранот до 2050 година ќе се зголеми за 50 сантиметри. Тоа значи дека 30% од Александрија ќе биде поплавена, 25% од населението ќе треба да се пресели и 194.000 работни места ќе бидат изгубени.
Во целата делта на Нил, морето навлегло во внатрешноста на повеќе од три километри од 1960 година до денес. Во 1980 година го „проголта“ иконскиот светилник од 19 век во соседната Розета.
Кампер нагласува дека властите презеле одредени мерки со цел да го заштитат градот од климатските промени.
-Широк појас од трски е засаден по должината на неговото крајбрежје од 69 километри. Песокот се прилепува до нив и сите заедно создаваат природна бариера“, нагласува Кампер, додавајќи дека во блиска иднина ќе се постават системи за рано предупредување, како и системи за мерење на нивото на водата.
Постепеното уништување на градот напредува истовремено со експлозија на населението, бидејќи најмалку два милиони луѓе се населиле овде во последната деценија. Доцнат инвестициите во инфраструктурни проекти кои би можеле да го заштитат од климатски предизвици. Гувернерот на Александрија, Мохамед ал Шариф, укажува на таков проблем: „Системот за дождовница на патната мрежа е изграден со капацитет да апсорбира еден милион кубни метри вода.
Но, климатските промени предизвикуваат многу посилни бури, што резултира со повеќе од осумнаесет милиони кубни метри дожд што паѓаат во еден ден“.
Се разбира, културното наследство на Александрија е особено ранливо, како што е тврдината Кајат-бег, која се наоѓа таму каде што некогаш се наоѓал неговиот светилник, едно од седумте светски чуда. Околу него се поставени 500 огромни бетонски коцки, чија главна цел е заштита на крајбрежната патека од 19 век.