
Алегри за казната на Јувентус: Останувам додека не ме избркаат, некогаш треба да покажеме дека сме мажи
Масимилијано Алегри денес излезе на прес-конференцијата пред натпреварот на Јувентус против Аталанта, но беше јасно дека главна тема ќе биде казната која ја доби Јувентус.
Препорачано
Италијанската Серија А вчера потврди дека на Јувентус му се одземаат 15 бодови поради финансиски малверзации. Со одземените бодови Јувентус падна на 10-тата позиција со 22 бода и го чека тешка мисија до крајот на сезоната да се врати во борба за излез во Лигата на шампионите.
Новинарите секако дека ги интересираше мислењето на Алегри за сегашната ситуација.
„Натпреварот со Аталанта нема да биде само важен, туку и специфичен по вчерашната одлука. Мораме дополнително да се ангажираме и да работиме напорно за победата. Казната не менува ништо и понатаму треба да освојуваме бодови. Конечната одлука ќе биде позната за два месеца, па не треба да си дозволиме да се најдеме во ситуација да жалиме за тоа што сме пропуштиле“.
Алегри беше запрашан и дали помислил на оставка.
„Во никој случај, останувам тренер додека не ме избркаат, во некои ситуации треба да покажеме дека сме мажи. Ако се прашувам јас оваа казна е дополнителна мотивација, се надевам дека и фудбалерите ќе биде повеќе мотивирани“, изјави Алегри.