Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Јувентус вчера ја победи Аталанта и така го освои Купот на Италија. „Старата дама“ славеше победа од 1:0 со голот на Душан Влаховиќ уште на стартот од средбата, а во финишот во центарот на вниманието се најде тренерот Масимилијано Алегри.

Наводно, Алегри по завршувањето на натпреварот му се заканил на директорот на „Тутоспорт“, Гуидо Вачаго. Информацијата ја пренесе и познатиот новинар, Фабрицио Романо.

„Ти си го*но! Напиши ја вистината во твојот весник, а не тоа што клубот го бара од тебе. Ќе те најдам, знам каде да те чекам, ќе дојдам и ќе те претепам. Напиши ја вистината“, наводно биле зборовите на тренерот на Јувентус.

Доколку информациите се потврдат, не е исклучено Алегри кој заработи исклучување да биде и дополнително казнет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот