Фото: Профимедиа

Албанското Министерство за земјоделство демантира: нашите мандарини не се отровни

Албанското Министерство за земјоделство излезе со официјален одговор откако Европската Унија блокираше неколку пратки мандарини кои содржеа забранети пестициди што ги користат одгледувачите. Ова министерство соопшти дека од 924 извезени камиони, само три пратки имале проблеми. Едниот е вратен и уништен во Албанија, додека другите два се третирани во Хрватска.

„Овој извештај не треба да му наштети на трудот и работата на годишното производство на албанските земјоделци и во исто време да создава загриженост и паника кај потрошувачите. Согласно известувањето на Системот за брзо известување за храна и добиточна храна – РАСФФ за остатоци од пестициди во мандарини извезени од Република Албанија АКУ презеде итни мерки за следење и процедурални дејствија кон извозниците, преземајќи конкретни чекори за уништување на 20.482 кг мандарини клементина на 19 декември во округот Фер.

Пратката е вратена од Хрватска. Постапката за уништување е извршена во присуство на Националната агенција за заштита на животната средина, Дирекцијата за даноци, како и повеќе медиуми“, се наведува во одговорот, пренесе Коссев. Соопштено е и дека против субјекти кои ги прекршиле законските прописи се преземени административни мерки, меѓу кои и парични казни и прекин на работа. За следење на состојбата, секојдневно се вршеа заеднички контроли во округот Берат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот