Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Албанската листа по разговорите за Влада на Црна Гора: Подобра позиција и поголема рамноправност на Албанците во општеството

Албанската листа „Генци Ниманбегу – Ник Џелошај“ ќе се бори за своите програмски цели што беа претставени во предизборната кампања, без разлика дали ќе учествуваат или не во работата на новата црногорска влада, изјавија нејзини претставници по разговорите со мандатарот за состав на новиот владин кабинет во Подгорица, Златко Кривокапиќ.

Ниманбегу по состанокот упати јасна порака дека коалицијата на која и припаѓа ќе се бори за подобра позиција на поголема рамноправност на Албанците во црногорското општество.

– Албанците кои ги претставуваме, сакаме да се чувствуваат рамноправно и грижата за малцинските заедници треба да биде работа на секоја влада, рече Ниманбегу.

Џелошај, пак, истакна дека за време на состанокот биле претставени програмските цели со кои коалицијата влегла во предизборната кампања.

– Како почитувачи на црногорската демократија,ја прифативме поканата за средба и разговор, ги сослушавме нивните видувања, концепт и програмска определба на новата Влада. Ние ги претставивме нашите идеи, детали и барања на албанската заедница, односно ја претставивме нашата платформа што ја работеа наши експерти“, појасни Џелошај.

Кривокапиќ, кој утре ќе одржи состанок и со Бошњачката партија, ги запознал Ниманбегу и Џелошај и со барањата за распределба на министерства на коалицијата „За иднина на Црна Гора“, на „Мирот е наша нација“ и платформата „Црно на бело“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот