Тирана, Албанија / Фото: Godong / robertharding / Profimedia

Албанија се поблиску до ЕУ, отвора уште еден кластер во преговорите

Албанија ќе го отвори Кластерот 4 на шестата конференција за пристапување кон ЕУ на 16 септември, објави Советот на ЕУ.

Кластерот 4 – Зелена агенда и одржлива поврзаност, ги вклучува поглавјата 14 (транспортна политика), 15 (енергија), 21 (трансевропски мрежи) и 27 (животната средина и климатските промени).

Албанија од октомври минатата година до мај оваа година отвори четири кластери – 1 (фундаментални), 2 (внатрешен пазар), 3 (конкурентност и инклузивен раст) и 6 (надворешна политика).

Ова значи дека за само осум месеци отворила 27 поглавја од преговорите.

Единствениот кластер што остана неотворен е Кластерот 5, кој се занимава со ресурси, земјоделство и кохезија.

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција меѓу Европската Унија и Албанија се одржа во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот