
Албанија отвори нов кластер во преговорите за членство во ЕУ
Албанија денеска го отвори петтиот од шесте кластери во преговорите за пристапување во ЕУ.
Препорачано
Ова е кластер 4, кој се однесува на зелената агенда и одржливата поврзаност и вклучува четири поглавја за преговори: транспорт (14), енергија (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27).
„Албанија врши импресивна работа. Ако продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, пред шестата конференција за пристапување на земјата.
Откако ги отвори преговорите во јули 2022 година, оваа земја значително го забрза спроведувањето на реформите.
По скринингот во текот на таа и следната година, Албанија го подготви теренот за забрзување на процесот.
Во октомври минатата година беше отворен Кластер 1, кој се однесува на основните права, а во декември беше отворен Кластер 6, кој ги опфаќа надворешните односи, додека уште два беа отворени во април и март оваа година.
По скринингот во текот на таа и следната година, Албанија го подготви теренот за забрзување на процесот.
Во октомври минатата година беше отворен Кластер 1, кој се однесува на основните права, а во декември Кластер 6, кој ги опфаќа надворешните односи, додека уште два беа отворени во април и март оваа година: Кластер 2, кој го вклучува внатрешниот пазар, и Кластер 3, кој ги вклучува конкурентноста и инклузивниот раст.
Доколку се остварат предвидувањата на Марта Кос, до крајот на годината Албанија ќе мора да отвори само уште еден – кластер 5, кој ги опфаќа ресурсите, земјоделството и кохезијата.
Марта Кос потсетува дека процесот на проширување се базира на резултати.
„Албанија покажува дека позитивните промени се можни со силно лидерство. И ако тие го направат својот дел, Европската комисија ќе го направи својот дел и ќе обезбеди поддршка од своја страна“, рече таа.
Комесарката за проширување ја искористи можноста да испрати порака до другите земји од регионот, посочувајќи дека улогата на владата е клучна за процесот на пристапување кон Европската Унија.
„Гледаме дека постојат разлики во земјите-кандидатки и една од клучните улоги во процесот на проширување е онаа на владата на една земја. Ако владата навистина покаже проевропска ориентација, тогаш граѓаните добиваат чувство дека земјата се движи во вистинската насока“, изјави Кос за новинарите пред почетокот на конференцијата со Албанија.
Таа додаде дека ЕК ја поддржува визијата на Владата на Албанија, предводена од Еди Рама, таа земја да ги заврши преговорите за пристапување до крајот на 2027 година.