Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Албанец со фалсификувана лична карта се обидел да ја напушти државава

Четириесет и петгодишен албански државјанин е приведен на „Табановце“ бидејќи се обидел со фалсификувана лична карта да ја напушти Македонија.

„Вчера во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта“, информираат од МВР.

Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот