
Албанец и Србинка ги рушат предрасудите: Љубовта посилна од етничката и политичка поделба во Косово
Општествените притисоци и нацоналните предрасуди кои ги има во земјите на Балканот не успеваат да им наштетат во љубовта на младиот Албанец од Косово Гент и Србинка Сузана кои повеќе од две години се заедно во врска.
Конфликтот меѓу Србија и Косово неможе да ги спречи Србинка и Албанец да не се вљубат. И покрај предизвиците со кои се соочуваат, тие живеат срежно и заедно во косовскиот главен град Приштина.
Препорачано
Гент и Сузана за Дојче Веле го раскажуваат своето љубовно патешествие низ призмата на предизвиците на обичните млади луѓе земјите од регионот. Младиот пар вели дека нивната љубовна врска започнала случајно некаде во мај 2021 година за време на летниот период во Хрватска, каде Сузана работела како келнерка, додека Гент работел во градежништво. Како што наведува, ДВ нивните погледи се сретнале кога Генти ја поканил на пијалок Србинката Сузана.
„Нормално, никогаш не би прифатила таква покана, бидејќи така ме воспитуваа моите родители, но… колегите ме натераа да одам. И двајцата почнавме разговор. Првото нешто што ни беше заедничко беше тоа што ги отфрливме дискусиите и предрасудите за етничката припадност. Ми се допадна од самиот почеток“, вели Сузана и додава: „тој е чесна и љубезна личност“.
Сузана е единствено дете. Таа има родители Срби и е родена во Босна и Херцеговина. По војните во поранешна Југославија, семејството се преселило во Србија, во градот Нови Сад, Војводина, каде меѓу Србите живеат и Унгарци и Романци. Родителите на Сузана сакале да живеат во мултиетничка и мултикултурна средина.
„Не случајно се викам Сузана, моите родители не сакаа да ми дадат типично српско име“, вели таа.
Гент е второ машко дете во албанско семејство кој израснал во Урошевац, на југот на Косово. Рано стапил во контакт со други националности и религии, бидејќи неговото семејство имало пријатели од Бугарија и некои далечни роднини од немуслиманска вероисповед.
Во традиционалните албански семејства потешко се прифаќаат сопружници кои не се Албанци. Татковците како глава на семејството го кажуваат својот последен збор – поради тоа, Гент можел да биде избркан од семејството.
Откако неговите родители ја запознале Сузана, нивната воздржаност и резерва изчезнале, Сузана веднаш ги освоила нивните срца.
Националистичка катастрофа
Во времето на Југославија, албанско-српските бракови не беа чести. но не беа ниту сосема невообичаени, бидејќи верските и етничките бариери беа во голема мера отстранети. Во моментов, двете земји не ги признаваат ниту документите на другата страна, ниту школските квалификации.
-Катастрофата остави трага кога Слободан Милошевиќ стана сè помоќен во Србија во средината на 1980-тите и успеа да стане претседател на поранешната југословенска република. Водел сè по националистичка, антиалбанска политика, ги ограничил правата на албанското малцинство и конечно го отстранил статутот за автономија од покраините Косово и Метохија, кои во тоа време ѝ припаѓале на Србија. Во 1990-тите, сè потешките прекршувања на човековите права од страна на српската држава врз косовските Албанци кулминираа со Косовската војна во 1998/99 година. Милошевиќ подоцна беше обвинет пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг за воени злосторства во Косово, но почина пред да биде осуден, И покрај тоа што војната заврши пред 23 години, меѓу Србија и Косово сè уште нема мир. Нерешени проблеми, како што се меѓусебното признавање на регистарските таблички на автомобилите веднаш ги ескалира тензиите до степен на воени напади, пишува Дојче Веле.
Различната етничка припадност не е пречка
Сузана и Гент не веруваат во политичка пречки и социјални предрасуди.
-Никој од нас не се грижи за минатото, гледаме само во иднината“, вели Гент.
Неговата девојка Сузана додава: „Ние не гледаме телевизија, затоа што овде не можеме да разликуваме пропаганда од вести“.
Сузана започнала правни студии во Србија. Но, откако се запознала со Гент, таа ги прекинала студиите, бидејќи се преселиле во Приштина. Гент продолжува да работи во градежништво, додека таа студира Балкански студии на универзитетот во Приштина. Тоа е област со широк опсег – вели таа – по дипломирањето можам да работам како консултант, предавач или преведувач, заклучува таа.
Гент и Сузана во заедничкиот живот, сѐ уште имаат многу пријатели од минатото. Малкумина се одалечиле од нив откако дознале за српско-албанската љубов, додека многумина од нивните пријатели се од други земји и немале никаков проблем со таквата врска.
„Сакаат да се гледаат себеси како обични луѓе“
Сузана сепак е внимателна во секојдневната комуникација низ Приштина. Таа сè уште не зборува албански, а во секојдневниот живот, на пример, кога оди на шопинг, зборува англиски, а тоа не е проблем во Приштина, бидејќи таму живеат многу странци, а трговците се навикнати на англискиот јазик. „Досега не сум имала никакви проблеми“, вели таа.
Генти не мисли дека Сузана ќе има проблеми во Приштина. Но, тој се плаши од какво било незадоволство кон неговото семејство доколку нивната врска стане јавна.
Нивниот стан во Приштина е мал, но исполнет со љубов. Тие сонуваат да имаат многу деца и да станат големо семејство. За нив е важно децата да растат зборувајќи три јазици: албански, српски и англиски.
„Не сакаме нашите деца да се поистоветуваат со која било нација или етничка група“, велат Сузана и Гент. „Сакаме да се гледаат себеси како луѓе“, вели двојката која за германското издание не сакаше да ги открие своите презимиња.