фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Ал Тани понуди повеќе од пет милијарди фунти за да го купи Манчестер јунајтед

Се шпекулира дека сè повеќе е извесно дека Јасим Бин Хамад Ал Тани ќе биде новиот сопственик на „црвените ѓаволи“.

Според „талкСПОРТ“, катарскиот шеик понудил повеќе од пет милијарди фунти за да го купи еден од најпознатите светски фудбалски клубови, Манчестер јунајтед.

Тоа би бил светски рекорд, договор кој би подразбирал дополнителни суми, капитал за реконструкција или изградба на нов „Олд Трафорд“, како и трансформација на инфраструктурата, односно тренинг центарот.

Семејството Глејзер за продажба на клубот бара седум милијарди долари, односно 5,6 милијарди фунти.

Се верува дека само Катарците се подготвени за 100% преземање на клубот, додека Сер Џим Ретклиф е подготвен да го задржи американското семејство како косопственици во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот