Активни пожари во Старо Нагоричане и Куманово

Повеќе пожари попладнево се активни на територијата на општините Куманово и Старо Нагоричане. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на подрачјето на Старо Нагоричане пожар има во селата Малотино и Жегљане.

– Најголемата пожарна линија се движи од Свети Николе кон Куманово, таму делуваме со трите ер-трактори. Пожарите во Старо Нагоричане се закануваат да зафатат неколку напуштени села од разбиен тип со стари, но и обновени куќи. Пожари има и на подрачјето на Куманово, кажа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во Малотино и Жегљане (Старо Нагоричане) делуваат два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, 30 припадници на армијата и толкав број припадници на полицијата. На терен се и пожарникари,  вработени во локалната самоуправа, во ЈП„Национални шуми“ и месното население. Во овие села зафатена е мешана шума.

Гори и на друга локација во Општината Старо Нагоричане. Ниска вегетација е во пламен во селата Ругинце и Коњух, кај месноста Кшала. На терен интервенираат шестмина пожарникари.

Во Куманово сè уште е активен пожарот во атарот на селата К’шање и Кокошиње со насока на движење кон светиниколските села Горно и Долно Ѓуѓанци и Стројманци, каде е зафатена ниска шума и сува трева. Пожар има и во кратовското село Татомир кој се шири кон територии на Куманово и Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот