Горан Милевски ЛДП Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Ако има грам совест, Баздникин треба самиот да си оди од земјава, вели Горан Милевски

Украина и народот заслужуваат да се членки на ЕУ. Загрижени сме, ова е ужас, голем број информатичари што ги знаеме од таму се мобилизирани во војната. Луѓето преку ноќ стануваат војници, изјави вечерва министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Според него, оваа криза ќе потрае, како и „поствоениот ефект“.

-Ултиматумот за предавање на градот Мариупол е како во 1945 година. Војната ќе потрае, обновата и нормалата нема да бидат скоро, иако некои анализи викаат дека ќе заврши во мај. Драго ми е што ние како држава сме на вистинската страна и ја подджуваме Украина, рече Милевски.

Тој додаде дека рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин треба сам да си замине од земјава.

-Да ја осуди агресијата на нивната влада. Не мислам дека целиот руски народ е за инвазија. Ако има грам совест, сам треба да ја напушти функцијата. Нашата сестринска партија од Русија е против војната и собира потписи. Имаме поддршка од рускиот народ за осуда на ова злосторство. Протерувањето на амбасадор е од либерална гледна точка. Средбата на пратеници со такви луѓе и поддршка е за секаква осуда. Навистина таа пропаганда преку Спутник на Балканот си има свое влијание, потенцира Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот