ајвар
Flickr

Ајварот на „Ле Густо“ се повлекува од словенечките дуќани, контаминиран е со цврсти честички

Компанијата „Хофер“ го повлече благиот ајвар во амбалажа од 680 грама од брендот „Ле Густо“, снабдувач на Стенич и синови, објави Н1 Словенија. Производот се повлекува од продажба поради можност за контаминација со поцврсти честички. Датумот на истекување на производот е најмалку до 29 декември 2027 година. Компанијата ги замолува клиентите да не го консумираат споменатиот производ, туку да го вратат во која било продавница на „Хофер“, каде што ќе им бидат вратени парите и без приложување сметка. Производот беше во редовна продажба во сите продавници на „Хофер“ низ државата, но серијата производи со споменатите податоци беше исклучена од продажба, соопштија и од трговската компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот