Фото: МИА

Агресивен скопјанец е уапсен во Карпош, ѝ се заканувал на жена поради сообраќајна препирка

50-годишен жител на Скопје е уапсен вчера попладне во населбата Карпош, откако по недоразбирање во сообраќајот, бил агресивен кон 12 години помлада жена и ѝ се заканувал, соопшти МВР.

„На 02.04.2025 во 16:05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Е.(50) од Скопје по претходна пријава дека околу 13.50 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, агресивно се однесувал кон Л.Ф.(38) од Скопје и и упатувал закани, а исто така и го оштетил и возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!