Адвокатската комора на Србија изгласа едномесечен прекин на работа

Собранието на Адвокатската комора на Србија (АКС) денеска со мнозинство гласови изгласа запирање на работата на триесет дена, потврди адвокатот Владимир Терзиќ за Бета.

-Триесет дена суспензија со строг режим, само преклузивни рокови, како што предложи Адвокатската комора Шабац. Предлогот на Управниот одбор на АКС (за 15-дневен прекин на работа) не се ни гласаше, бидејќи овој предлог доби мнозинство –  изјави Терзиќ за агенцијата Бета.

Тој додаде дека Управниот одбор на АКС ќе утврди кога ќе стапи на сила прекинот на работата.

Адвокатската комора на Србија кон средината на јануари гласаше за седумдневен прекин на работа, што беше поништено од страна на Вишиот суд во Белград, по што адвокатите заминаа на два прекини со работа од по три дена.

Една од причините за тие прекини на работа, како што наведоа адвокатите, е да се изрази солидарност со студентите кои повеќе од два месеци протестираат низ Србија.

Несреќата во Нови Сад, во која 15 лица загинаа, а две беа тешко повредени кога пред три месеци се урна настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад, предизвика масовни протести во Србија кои изнесоа десетици илјади луѓе на улиците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот