Адвокатот Јовица Страшевски / Фото: skopje1.,mk

Адвокатот Страшевски: Ако има еден доказ дека Палевски ги убил Вања и Панче, ќе ѝ се извинам на јавноста и ќе се повлечам

Адвокатот Јовица Страшевски, кој е бранител на Љупчо Палевски, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, инсистира на тоа дека не постојат докази дека неговиот клиент ги убил жртвите. Тој вели и дека Велибор Манев, кој го посочи Палевски како ладнокрвен извршител на убиствата, направил кривично дело со давање лажен исказ пред судот.

„Многупати сум го провоцирал Палевски, но тој ми тврди дека убиствата на Вања и Панче не ги извршил. ‘Нема докази и ќе се борам до крај за жена ми и ќерка ми и за фамилијата’, вели тој“ рече Страшевски во „Претрес со Ландов“, додавајќи дека не може вината да ја насочи кон никого.

Палевски, од своја страна, преку писмо го обвинува Велибор Манев дека е убиецот.

Адвокатот Страшевски вели дека е можно да имало недоразбирања меѓу Велибор и Палевски, но не е докажано дека пиштолот е на Боре Видевски, исчезната е ташничката со пиштолот на Видевски од Велес до Скопје – пиштолот го нема.

„Ако има еден доказ дека Палевски ги убил Вања и Панче, ќе се повлечам и ќе ѝ се извинам на јавноста“, рече адвокатот.

Страшевски во интервјуто рече и дека тој се нафатил да го брани Палевски, иако на почетокот, како и многу адвокати, одбил да го застапува.
Тој прво тврдеше дека ќе го брани клиентот про боно, за потоа да рече дека доколку ја добие постапката, „ќе си наплати“. Адвокатот негира дека ќе биде исплатен во форма на автомобил или стан од партијата Десна.

„Партијата Десна не ми треба, јас сум горд член на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Страшевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот