
Адеми: Од сите политички партии очекуваме позитивно да одговараат на идејата претседателот на државата да се бира во Собрание
Адеми посочи примери дека и во Албанија и во Косово се избира шеф на државата во Собранието, иако, како што рече, претседателот во овие земји има поголеми надлежности.
Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција рече дека од сите политички партии очекува позитивно да одговараат на нивната идеја претседателот на државата да се бира во Собранието.
Препорачано
-Ако пристапиме рационално кон ова прашање, имајќи ги предвид сите ризици и тешкотии за реализирање на успешен претседателски изборен циклус, разумно сите политички партии би требало да се согласат со ова – да биде избран претседателот во Собрание и тоа не би било никаква уцена и пречка во реализирање и на тоа што следи како обврска во нашиот евро-интегративен пат. Цениме дека разумно и рационално ќе пристапуваат сите политички партии. Кога ќе се отвори Уставот, треба да дадеме одговор и за начинот на избор на претседател во Собрание, а тоа е најдобро да се реализира поради визијата на Али Ахмети – рече Адеми.
Адеми посочи примери дека и во Албанија и во Косово се избира шеф на државата во Собранието, иако, како што рече, претседателот во овие земји има поголеми надлежности.
– Имајќи предвид дека личноста на претседателот треба да биде обединувачка и кај нас како хетерогено општество, цениме дека со двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство, ќе се обезбеди тоа обединување што треба да го отсликува претседателот на државата, а граѓаните ќе бидат поштедени од милионските буџетски средства што ќе се потрошат за претседателските избори – рече Адеми.
Во однос на собирањето потписи за нивниот претседателски кандидат Бујар Османи, Адеми соопшти дека до вчера попладне собрани се околу четири илјади потписи