Васко Ковачевски / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

АД ЕСМ ги скрати платите на директорите и УО и другите трошоци, ќе заштеди над 220 милиони евра

АД ЕСМ воведе нови мерки за штедење и ги прошири мерките кои ги донесе во декември 2021г, со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза.

Компанијата соопшти дека со најновите мерки ревидирани се планот за јавни набавки, финансискиот план и програмата за инвестиции за 2022г.

Така во Годишниот план за јавни набавки (ГПЈН) има намалување за 96 милиони евра (5.861.339.686 денари), во Годишниот финансов план-намалување расходи за 8,3 милиони евра (515.194.000 денари) и во Годишната инвестициска програма (ГИП)-намалување за 117 милиони евра (7.211. 301.293 денари).

– Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување на издатоците за плати и надоместоци, почнувајќи од платите во Управниот одбор, односно намалени се платите на генералниот директор на АД ЕСМ, и на заменик генералниот директор, како и други издатоци на име месечни примања, кои ќе придонесат за намалување на трошоците во делот на платите. Издадени се решенија за мерка принуден одмор до два месеци врз основа на доброволно пријавување на работниците, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата, со што исто така ќе се остварат заштеди, соопшти АД ЕСМ.

Според компанијата уште од декември 2021г. намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно: спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, законската дневница за патување се исплаќа во половина износ, запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес како и употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана.

Мерките се насочени кон намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси, соопшти АД ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот